Продолжува судењето за „Титаник“
Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство продолжува денеска во Основниот кривичен суд Скопје.
Ова е второ рочиштте за „Титаник“ неделава по едномесечната судска ферија.
Предметот го води судијата Осман Шабани и се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.700 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.
Застапник на обвинението е Лиле Стефановска, која вчера беше повикана на ОЈО да даде исказ за случајите „Империја“ и „Рекет“, а по објавените снимки и разговори од италијанскиот весник „Ла Верита“.
Одбраната, на почетокот на рочиштето во понеделникот, побара одложување поради новонастанатата ситуација и оставката на СЈО Катица Јанева, но судијата Шабани, рече дека се исполнети сите услови за одржување на денешното рочиште.
Обвинетиот Едмонд Темелко, пак, го извести судот дека на 14, 15 и 16 август ќе биде на лекување во Корча и нема да може да присуствува на следното рочиште. Судијата Шабани, посочи дека, за тоа мора да го извести судот со писмен поднесок.
Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.
Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање избкрна кампања
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
-
Четиринаесет жртви во бомбардирањето на станбена зграда во близина на бегалскиот камп Нусејрат
-
Казнет и протеран од Косово брачен пар од Русија кој беше уапсен поради нелегален влез од Србија