-->
-->
Продолжуваат предизборните активности на партиите
-->

Коалициите и политичките партии - учесници на претстојните предвремени парламентарни избори денеска продолжуваат со активностите во рамки на кампањата.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Кратово, Пробиштип и Крива Паланка, а СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ во Ресен и Битола.
Коалиција за промени и правда предводена од Демократскиот сојуз ќе има митинзи во Радовиш и Конче, како и средби со граѓани во Делчево и Берово и со жители во селата Дедино и Ракитец.
Шефот на Општинскиот изборен штаб на ДУИ во Тетово Џеват Адеми на прес-конференција ќе го оцени досегашниот тек на предизборната кампања, ДПА ќе одржи митинг
во Слатино, а коалицијата „Алијанса за Албанците“ во Струга.
Носителот на кандидатската листа на коалицијата ВМРО за Македонија во Изборната единица 1 Ден Дончев ќе има средби со граѓани во Аеродром и Кисела Вода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР: Расчистен случајот со опасно управување скутер во Штип | ВИДЕО
-

Автобус се запали на автопатот Велес-Скопје
-

Димитриеска Кочоска на ФБ: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
-

Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово
-

ЈОРСМ: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје
-

ФФМ упати осуда за навредливо и недолично однесување на ФК Вардар
-

Кривична за малолетничка од Кочани која психички вознемирувала дете
-

Сообраќајка помеѓу два електрични тротинети во Скопје управувани од 62-годишна жена и малолетник
