Проект за општо корисна работа во Кочани

Општина Кочани започна со активностите за реализација на проектот од Програмата за општинско корисна работа, финансиски поддржан од УНДП и Министерството за труд и социјална политика. Во проектот се вклучени и Агенцијата за вработување и невладината организација „Благородна мисија“ од Кочани.
- Оваа програма во Кочани се реализира по четврти пат, а годинава преку проектот „Со добра волја кон подобро утре“ ќе бидат ангажирани 15 лица во социјалната сфера. Од нив 6 лица ќе бидат ангажирани за работа со деца од предучилишна вораст и тоа 4 во градинка-негователки и 2 за воспитувачки во центар за едукативно воспитна работа во рурална средина овој пат во село Тркање. За грижа за стари и хендикепирани лица ке бидат ангажирани 6 лица додека отанатите 3 лица ќе работат во Центарот „Благородна мисија“ и во народната кујна, изјави Аника Илијеска Ѓоргиева од општина Кочани.
Лицата ќе бидат ангажирани со работа од шест месеци, ќе работат по 20 часа неделно, а за својата работа ќе добиваат соодветен надомест. За реализација на овој проект општина Кочани доби буџет од 558 илјади денари.
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
