Проект за промоција на регионалната музичката сцена во „Јавна соба“
Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ почнува со новиот регионален проект за развој на џез сцената во регионот „Show Room“. Секој петок на репертоар е концерт на реномирани џез музичари од Македонија и регионот кои ќе настапуваат пред публиката во „Јавна соба“.
„Show Room“ е отворена музичка програма, концерти во живо, со содржини креирани од музичарите од македонската и регионалната џез сцена, која има за цел да го претстави музичкиот потенцијал преку индивидуална интерпретација на стилови, концепти и артисти.
На првото издание вечер ќе настапат Кирил Кузманов - саксофон, Трајче Велков-труба, Филип Димишковски-клавијатура, Кирил Туфекчиевски - бас и Виктор Филиповски - тапани.
„Zing Project“ и „M Jazz Session“ ќе имаат концерти на 23 и 30 декември. Ќе ги изведуваат евергрините на македонската џез/поп ера, од 50-тите години до денес.
На 14 јануари 2017 година концерт ќе одржи познатиот српски џез квартет Милан Петровиќ, со што ќе почне и регионалната размена. Во рамки на „Show Room“ предвидено е гостување на „Fiеrce“ од Скопје во „Мikser House“ во Белград во март 2017, како и настап на македонски бендови на џез фестивали во регионот.
Музичарот и програмски уредник во „Јавна соба“ Марко Василевски потенцира дека станува збор за џез музичари и групи кои негуваат различни џез поджанрови, каде селекцијата е базирана исклучиво на квалитет на авторите.
- Сакам да се приближиме до основната идеја, прогресивен современ звук во кој и публиката и музичарите ќе уживаат, изјави Василевски.
Влезот на сите настани во „Јавна соба“ е бесплатен.
Ново на Сител
-
Процесот за заздравување може да потрае и до две години за дваесеттина од повредените во Кочани
-
Одземена лиценцата на девет угостителски објекти
-
Козметички препарати и играчки најбројни меѓу штетните производи во Европа
-
Кривична за десет полицајци во врска со пожарот во Кочани - по еден од нив се уште се трага
-
Предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага, вели бранителот на Видевски
-
СПМ: Никој нема право да тргува со македонскиот идентитет, со историјата и македонскиот јазик
-
МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници
-
Се трага по 22 годишно момче од неготинско Тремник