Проекти за ревитализација на магистралните канали на ХМС „Брегалница“
Јавното претпријатие „Водостопанство на Македонија“ - Подружница „Брегалница“ од Кочани спроведува постапки за избор на поволен изведувач за ревитализација на десниот магистрален канал од хидромелиоративниот систем „Брегалница“ и за изградба на типски зафати кои ќе се користат за зафаќање на водите од проточните реки во Источна Македонија, кои ќе бидат насочеи за користење за левиот магистрален канал во општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево.
- Изработката на проектот и ревизијата на проектот за десниот магистрален канал, поточно сифон Св. Николе, завршена е постапката и таму е избран економскиот оператор, што значи дека наскоро очекуваме да биде завршена изработката на проектот и откако ќе заврши проектот ќе се пристапи кон распишување тендер за негова изведба, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.
Тој додаде дека потребните финансиски средства за оваа намена се обезбедени од ИПА програмата преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Изработката на овој проект за десниот магистрален канал е од особно значање за наводнувањето во општините Штип и Свети Николе бидејќи се користи во текот на целата наводнителна сезона.
За ревитализацијата на левиот магистрален канал, кој од минатата година делумно беше ставен во функција во општина Зрновци, годинава, како што истакна Гоцев, целосно ќе биде во функција. За таа намена е изработен основен проект во кој се содржани десетина типски зафати за вода на реките Осојница, Оризарска, Зрновска, Кочанска Злетовица и Брегалница, со цел водите од овие реки да бидат насочени и искористени по левиот магистрален канал на ХМС Брегалница“.
Ново на Сител
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди