-->
-->
Професорка била на смртна постела и им напишала писмо на своите ученици: "Ви благодарам што го споделивте Вашето пријателство со мене, вие сте неверојатни деца"
-->
Директорка на училиште која била на смртна постела им напишала писмо на своите ученици, кои тие го отвориле откако починала од рак, пренесува The Sun. Су Ист од Семерсет имала само 59 години кога починала на 19 декември минатата година.
Таа на своите ученици од црковното училиште Сент Ендрус, каде работела, напишала емотивна порака и им се заблагодарила на пријателството.
Су на учениците им напишала дека наскоро ќе умре и дека дошло време да се впуштат во нови авантури. Во писмото наведе дека ја сакала својата работа во училиштето.
"Тоа е неверојатно училиште и вие сте неверојатни деца. Никогаш не помислив дека би можела да пронајдам толку радост на работа. Ви благодарам со мене што ја споделивте радоста и пријателство. Наскоро ќе дојде време да започнам нови авантури", напишала таа.
Останатите професори со децата разговарале за писмото и им пружиле поддршка на децата и нивните семејства.
Повеќе од 700 ученици, родители, поранешни ученици и вработени ја испратиле директорката, а на нејзиниот ковчег биле залепени цртежи со вили, пепетрутки, срца. Сите истакнале дека многу ја сакале и била забавна, добра и љубезна, а она што најмногу ќе го запомнат од неа е тоа што ги научила да веруваат во себе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Зоран Крстевски, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Мицкоски: Пред 33 години битката беше да се исправиме на нозе, денес за големи чекори
-
Честитки од политичките партии по повод независноста
-
По три години од пожарот во тетовската модуларна болница, одговорност се уште нема
-
За една недела 25 заболени од голема кашлица, хоспитализирани пет деца
-
Минчев: Балансерот се уште на сила, ќе се разговара за укинување
-
Аерозагадувањето треба да се следи и во лето
-
ЈП „Исар“ – Штип во првите 6 месеци од годината со загуба од 4,8 милиони денари