Профитот на „Фајзер“ зголемен со импресивни 59 проценти во вториот квартал
Силната продажба на вакцината против Ковид-19 и други лекови му помогна на „Фајзер“ да го удвои приходот во вториот квартал од годината и да го зголеми профитот за импресивни 59 проценти.
Вакцината против Ковид-19 на американската фармацевтска компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтех им донесе приходи од директна продажба 7,84 милијарди долари.
Компанијата со седиште во Њујорк очекува приходите од вакцини оваа година да достигнат 33,5 милијарди американски долари за 2,1 милијарди дози што договори да ги испорача до крајот на годината.
Профитот во вториот квартал изнесуваше 5,56 милијарди долари, што е за 59 отсто повеќе од заработените 3,49 милијарди долари во истиот период минатата година. Исто така, ги надминува очекувањата на пазарот во однос на приходите, кои изнесуваат 18,98 милијарди, речиси двојно повеќе од 9,86 милијарди во вториот квартал од 2020 година.
Во вчерашниот извештај на Фајзер се нагласува дека трета доза на вакцината против коронавирусот може да ја зголеми заштитата од Делта сојот на вирусот до 100 пати.
Ново на Сител
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница