Македонија
10. February 2016 - 11:09

Програма за граѓанско лидерство во општина Новаци

Општина Новаци почна со реализација на програмата „Граѓанско лидерство“ која освен од локалната самоуправа, поддржана е и од Мировен Корпус.

Програмата содржи шест семинари кои ќе ги водат стручни лица од повеќе области во кои што младите ќе имаат можност да се запознаат и да се обучат за градење вештини и капацитети кои ќе се користат континуирано секоја година во активностите што се спроведуваат во заедницата и околината.

- Програмата ќе придонесе за едукација, промоција, документирање, создавање на слики и видеа кои ќе бидат од интерес на заедницата. Воедно овој проект треба да биде пример за развој во другите рурални општини преку заедничка соработка на НВО и општини во регионот, информраат од општина Новаци.

Според програмата, планирани се обуки за лидерство, волонтеризам, креирање фото проекти за пејсажни, уметнички, новинарски фотографии, маркетинг консалтинг, обуки за креирање на документарен филм и архивирање на податоци.