-->
-->
Произведена вакцина која лекува зависност од хероин
-->
Меѓународна група истражувачи развиле вакцина која ја спречува зависноста од хероин со блокирање на наркотичкото дејство на таа дрога.
Со други зборови, вакцината спречува корисниците да почувствуваат било каква зависност со што ја обесмислувааат целта на користење хероин.
Според најавите, вакцината ќе може да дејствува неколку недели, а најдобрата формула која го блокира наркотичкото дејство ќе ја елиминира апстиненцијалната криза во период над осум месеци.
Вакцината ќе треба да се прима на секои три месеци.
Научниците дури сметаат дека вакцината исто така може ефикасно да ги заштити конзументите на хероин од предозирање.
Вакцината засега успешно е тестирана на мајмуни и глувци, а се планираат и тестирања на луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија
-
Директорката Иљази им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите
-
Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил
-
Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“