Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи, особено претпладне. На повисоките планини ќе има појава на снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец со брзина од над 70 километри на час. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени Целзиусови.
Во Скопје претпладне ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 15 степен.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до четврток ќе се задржи врнежливо и повремено нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и повремено засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
