Променливо облачно со сончеви периоди, попладне наместа пороен дожд со грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен, а во североисточните делови од северозападен правец. Од пладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи, особено во сабота. Потоа во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање со благ пораст на дневната температура.
Ново на Сител
-
Грчката фрегата во Аденскиот залив интервенирала и соборила дронови
-
Русија тврди дека уништила два лансири за ракети „Патриот“ во регионот на Одеса
-
Околу 50 лица се удавија, од кои седум деца, во руските реки, езера и мориња во последните 24 часа
-
Денеска е Светски ден на чоколадото
-
Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати
-
Владина делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон - јакнење на билатералните односи со САД и афирмирање на земјава како стабилен партнер
-
Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија
-
МВР: Претреси на три локации во село Гајре, едно лице задржано на информативен разговор за убистото во Тетово