Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови во северозападните планински региони ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во текот на новата седмица ќе преовладува стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови се очекува повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.
МИА
Ново на Сител
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
-

Израелски лекари згрижиле 89 лица за време на иранските напади
-

Муцунски: Стоиме зад САД во справувањето со заканите на Блискиот Исток
-

Во напад врз зграда во Дубаи повредени четири лица
