Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.
Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Ново на Сител
-

Донирај текстови, документи и гласовни снимки за потребите на „Везилка“
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
