Променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи

Во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 13, а максималните ќе достигнат од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до 10, а максималните ќе достигнат до 24 степени.
Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Во вторник ќе има опаѓање на температурата и се очекуваат локални врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури.
Ново на Сител
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
-

Инфлацијата во еврозоната се зголемува според процените
-

Пијан возач со трактор удрил во „Пасат“, па побегнал
