Промоција на изданието „Гоце Аџи-Митревски / Цртежи“
Во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе биде промовирано изданието „Гоце Аџи-Митревски / Цртежи“ и ќе биде отворена истоимена изложба.
Гоце Аџи-Митревски (1946-2014) беше долгогодишен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Архитектонски факултет завршил во Скопје, а магистрирал на Универзитетот во Белград.
Во својата богата професионална кариера автор е на голем број архитектонски и истражувачки проекти. Како педагог учествувал во работата на летни школи, архитектонски работилници, архитектонски манифестации...
Слободорачниот архитектонски цртеж е негов најзначаен изразен медиум. Способноста да го согледа потенцијалот на една идеја со едноставна скица претставува негова исклучителна вештина.
Добитник е на значајното француско национално одликување за заслуги во образованието - Орден на Академската палма во ранг Витез.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?