Промоција на каталог за мелограмите од легатот на Васил Хаџиманов

На Факултетот за музичка уметност денеска од 13 часот ќе биде промовиран каталог за мелограмите од легатот на истакнатиот македонски фолклорист Васил Хаџиманов. Каталогот го изработија Николче Витковски и Цветанчо Николоски, студенти на програмата од втор циклус студии за музички науки при ФМУ, под менторство на проф. д-р Димитрије Бужаровски.
Во каталогот се попишани 10.166 мелограми од обемниот легат на Васил Хаџиманов, што се наоѓа во архивот на МАНУ.
- Со попишување на мелограмите се прави уште еден исчекор во содржината на легатот и брзото и лесно пребарување, посебно имајќи ја предвид неговата обемност. Ова е и од особено значење за заштитата на македонското духовно културно наследство, соопшти организаторот.
Каталогот ќе биде примарно депониран во Архивот Бужаровски (БузАр) - најголем дигитален архив на звучно културно наследство во Македонија, во кој се наоѓаат дигитализирани и во најголема мерка каталогизирани два терабајти со аудио, видео, фотографии, книги, есеи и публицистички текстови, МИДИ, партитури, мелограми, бази на податоци – поврзани со македонското и балканското културно наследство.
На промоцијата каталогот ќе им биде предаден на претставници на Македонската академија на науките и уметностите, каде се наоѓа легатот на Хаџиманов.
Ново на Сител
-

Работник ги нападнал газдите со нож поради неисплатени дневници
-

Рубио: Иран моли за договор
-

Град Скопје: Нови 60 садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето
-

Утре пороен дожд, грмежи и ветер
-

Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка
-

Вардар поразен на домашен терен од Рига
-

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
