Промоција на книгата „Мојот професор пророк“ од Вера Стојчевска-Антиќ

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје денеска ќе ја промовира книгата „Мојот професор пророк“ од Вера Стојчевска-Антиќ, посветена на Блаже Конески.
- „Мојот професор пророк“ е своевидна етнографија на комуникацијата во македонската наука и култура... Конкретно, за животот во македонистиката, домашна и особена странска, во која централна личност своевремено бил Блаже Конески, соопшти Библиотеката.
Вера Стојчевска-Антиќ е историчар на книжевноста и на книжевната теорија. Нејзиното дело содржи над 850 објави во Македонија и во странство, од кои 75 се книги. Нејзината научна дејност е позната во многу македонски и странски славистички центри, која главно се одвивала околу средновековната македонска книжевност.
Книгата на Стојчевска-Антиќ ќе ја промовира проф. д-р Димитар Пандев.
Ново на Сител
-

30% од вкупниот отпад во Македонија завршува на диви депонии
-

Преглед на вестите од светот
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
