Македонија
14. јуни 2016 - 8:29

Промоција на книгата „Молитва за прошка“ на Јелена Бачиќ -Aлимпиќ

Српската писателка Јелена Бачиќ -Алимпиќ денеска ќе биде гостинка на „Клуб Матица“ и ќе ја промовира книгата „Молитва за прошка“. Таа е последна од трилогијата „Казна за гревот“ во која претходно беа објавени романите „Ноќта кога дојдоа сватовите“ и „Книга на спомените“.

„Молитва за прошка“ е роман за пресудните години, за занемените вистини, лагите и гревовите и за љубовта како последно засолниште, информира „Матица“.

Многу сум возбудена и среќна поради издавањето на „Молитва за прошка“, третата книга од трилогијата „Казна за гревот“, затоа што со неа заокружувам една обемна и повеќеслојна приказна, а со тоа и деветмесечна исцрпувачка работа. Одвај ја чекам реакцијата на читателите. Сe надевам дека нема да ги изневерам, и дека крајот на трилогијата ќе ги исполни нивните очекувања, изјави Бачиќ-Алимпиќ.