Македонија
12. May 2016 - 8:21

Промоција на книгата „Византија во дијалог“

Во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ денеска ќе биде промовирана книгата „Византија во дијалог“ од отец Милан Ѓорѓевиќ кој работи како професор и продекан за наука и меѓународна соработка на Православниот богословски факултет во Скопје.

Книгата е во издание на издавачката куќа „Магор“, а промотор ќе биде академик Витомир Митевски.

На промоцијата најавено е присуство на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, Ѓоко Ѓорѓевски, како и на главниот и одговорен уредник на издавачката куќа „Магор“, Павлина Аџи-Митреска Лазаревска.

На промоцијата ќе настапи византискиот хор „Хармосини“ под водство на проф.д-р Ристо Солунчев.