Промоција на монографијата „Никола Мартиноски до 1945“
Националната галерија на Македонија по повод Месецот на Никола Мартиноски информира дека ќе реализира три активности во име на културното наследство што го остави современикот на македонското сликарство и ликовната уметност.
Во објектот „Мала станица“ денеска ќе биде промовирана монографијата „Никола Мартиноски до 1945“. Издавач е Националната галерија на Македонија, а автор проф. д-р Кирил Пенушлиски.
За монографијата ќе зборуваат д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија на Македонија, академскиот сликар Рубенс Корубин и академик Влада Урошевиќ.
Покрај промоцијата на монографијата, ќе се реализира и изложба на слики и фоторепродукции на делата од Мартиноски кои датираат од самиот почеток на неговата ликовна кариера. Изложбата „Никола Мартиноски, почетоци 1919-1929“ ќе биде отворена во „Мала станица“ на 11 мај 2017 година во 20 часот.
На 16 мај 2017 година во „Мала станица“ во 11 часот проф. д-р Кирил Пенушлиски ќе одржи предавање на тема „Од Мартин во Мартиноски“.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново