Промоција на романот „Допирот на пијанистот“ од Мирт Комел

Романот „Допирот на пијанистот“ од словенечкиот писател Мирт Комел вечер ќе биде промовирана во „Кино Култура“. Преводот на книгата од словенечки на македонски јазик е на Иванка Апостолова Баскар.
Промоцијата ја организираат издавачките куќи „Готен“ од Скопје и „Гога“ од Ново Место. На промоцијата на книгата ќе присуствува авторот, а разговорот со него ќе го водат Владимир Јанковски и Живко Грозданоски.
Романот „Допирот на пијанистот“ ја раскажува приказната за генијалниот њујоршки пијанист Габриел Голдман. Мирт Комел е писател и филозоф, предавач на Факултетот за општествени науки и на Факултетот за филозофија во Љубљана. Автор е на бројни научни дела, а неговите книжевни дела варираат од драми и драмски песни до текстови за патување. „Допирот на пијанистот“ е негов прв роман.
Гостувањето на Мирт Комел во Скопје е поддржано од Јавната агенција за книга на Република Словенија.
Ново на Сител
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
