Промоција на руско-македонски бизнис каталог
Во Скопје денеска ќе биде промовиран петтиот по ред руско-македонски бизнис каталог „По еден пат со светот Русија и Македонија“ во издание на Агенцијата за маркетинг и издавачка дејност.
На промоцијата најавено е обраќање на амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Николаевич Шчербак.
- Избраните содржини, илустрации и прикази на шареноликоста на Република Македонија, нејзините традиции, како и многубројните природни и економски потенцијали, изнесени во него, претставуваат одраз на желбата на издавачот активно да учествува во продлабочувањето на традиционалните пријателски односи помеѓу народите на Република Македонија и Руската Федерација. Со тоа се надеваме дека ќе придонесеме и за развој на плодотворни и посакувани бизнис и туристички релации во двете насоки, вели издавачот.
Во тоа, се посочува, имаат поддршка од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Македонско – руската стопанска комора на Република Македонија, градоначалници, бизнисмени и соработници.
Ново на Сител
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски