Промоција на веб-портал за изборите во Македонија од 1990 до денес
Институтот за демократија „Социетас цивилис“ - Скопје и Фондацијата Конрад Аденауер денеска ќе го промовираат веб - порталот „Изборна архива на изборите во Македонија од 1990 година до денес“. (http://izbornaarhiva.mk).
Целта е на едно место да бидат собрани сите достапни документи за изборните процеси во земјата од првите повеќепартиски парламентарни избори до денес.
На промоцијата ќе се обратат Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС и Јоханес Д. Раи, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија.
Изборната архива ги опфаќа сите изборни циклуси од 1990 до 2014 година со достапни документи групирани во седум секции: документ за објавување избори, избирачки список, кандидатски листи, резултати од избори, извештај од избори, набљудувачки извештаи од меѓународни и домашни организации и изборен законик.
Ново на Сител
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски