-->
-->
Промовиран романот „Мемоарите на една млечка“ на Блаже Миневски
-->

Во рамки на 17. Литературна манифестација „Илинден 2016“, синоќа во општина Илинден беше промовиран романот „Мемоарите на една млечка“ на македонскиот писател Блаже Миневски.
За творештвото на Миневски и посебно за пораките што ги носи романот зборуваше проф. д-р Стефан Влахов Мицов.
- Приказната на романот е сместена во еден неодреден простор на Балканот, заграден со стари манастири, напуштени села и гробишта. Дејството на романот се одвива преку спомените на една глуварка која настаните ги следи преку дувањето на ветриштата во долината. Прекрасна приказна за љубовта, страдањето и животот без идеали, истакна Мицов.
Извадоци од романот читаше Антонио Павловски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
