Промовирана книга и изложба на цртежи од штипскиот новинар Драган Ристов
Во рамки на 31. Штипско култно лето (ШКЛ) во Мултимедијалниот центар во Штип, под наслов „Две во едно“, се одржа промоција на книга и изложба цртежи на новинарот Драган Ристов.
Ова е втора книга на Ристов, а најновата е „Штип во американскиот печат 1903-1918“.
- Првата книга, „903“, излезе на 16 мај 2013 и главно беа преведени теми и стории од американските весници во 1903, за време на Илинденскиот период. Сега истражувањето на насловите кои се дел од весниците од Конгресната библиотека во Вашингтон се сведени на Штип, на сите можни наслови во кои се споменува Штип. Најголем дел од новинарските прилози се однесуваат на периодот 1912-1913, а тоа е период на Балканските војни кога Штип имал значајно стратешко место во воените битки меѓу Бугарите и Србите, посебно Брегалничката битка, вели Ристов.
На изложбата насловена „Лица“, можат да се видат портрети на деца и повозрасни лица.
Промоцијата на книгата и цртежите на Ристов се прв настан во новоизградениот Мултимедијален сити центар со средства од ИПА програмата преку Источниот-Плански регион во вредност од над 200.000 евра.
- Успеавме да ја претвориме некогашната руина во место за културни средби, промоции, работилници, семинари...ова е место во кое многу автори ќе се претстават, ќе творат, а со тоа ќе дадат поинаков белег на Мултимедијалниот сити центар, рече градоначалникот на Штип Илчо Захариев.
Ново на Сител
-
Најмногу пари од унгарскиот кредит општините ќе потрошат за патишта
-
Казни за пешаците кои зборуваат на мобилен додека минуваат улица
-
Сител сторија: Единствениот дипломиран оџачар во Македонија е жена
-
5 деца само годинава се обиделе да се самоубијат, Меѓаши бележи пораст на нарушено ментално здравје
-
Обложувалници “Спорт Лаиф” реализираа донација од 4 милиони денари за дигестивниот оддел во Клиниката “Св. Наум Охридски”
-
Создавање на кадри според потребите на пазарот на трудот - Дали оваа политика може негативно да се рефлектира врз гимназиите?
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Таравари: Алијанса за Албанците ќе излезе од Владата ако премиерот смета дека не сме потребни