Македонија
22. May 2016 - 9:49

Промовиранa книгата „Сончев појас-осамени стихови“ на Владимир Луков од Бугарија

Во рамки на 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“, во Домот на култура „Илинден“ беше промовирано македонското издание на поетската книга „Сончев појас-осамени стихови“ на поетот од Бугарија, Владимир Луков.

Промотивна реч за поезијата на Луков одржа Александра Јуруковска.

Во своето обраќање пред присутните авторот, Владимир Луков рече дека ова е негова трета книга преведена на македонски јазик. Токму затоа, како што рече, тој веќе се чувствува како бугарски и македонски писател.