Промовирана монографија „АРМ - 12 години амбасадор на мирот“
Армијата на Република Македонија дванаесет години, почнувајќи од 2002 до 2014 година, беше своевиден амбасадор на мирот во меѓународната мисија на НАТО во Авганистан ИСАФ, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски на денешната промоција на монографијата „АРМ - 12 години амбасадор на мирот“ во Музејот на македонската борба.
- Во мисијата ИСАФ учествуваа повеќе од 2.700 припадници на АРМ кои се ротираа 12 години. Успешното завршување на мисијата ИСАФ беше повод Министерството за одбрана да ја подготви публикацијата со чија промоција денеска сакаме да им одадеме признание и благодарност на сите припадници на Армијата кои ја претставуваа нашата татковина во една од најголемите меѓународни мисии на НАТО, истакна Јолевски.
Денес прв пат, продолжи тој, меѓу славните војводи и команданти од минатото ги споделуваме успесите на македонската војска од почетокот на 21 век, и како таа се докажа како најцврст чувар на независноста и самостојноста на нашата држава, како гарант на остварувањето на заветот на нашите предци да ја браниме слободата и сувереноста на Македонија.
- Искуствата на припадници на АРМ во Авганистан се голема корист во справувањето со предизивиците со кои што денеска Македонија се соочува во однос на мигрантската криза. Учеството на нашите мировници во овие мисии од една страна не покажува како достоен партнер на меѓународната заедница, а од друга страна нашите војници и офицери се здобиваат со огромно искуство, истакна Јолевски, изразувајќи голема благодарност на семејствата на нашите мировници за истрајноста и поддршката.
Директорот на Воениот музеј и рецезент на монографијата Александар Стојчев, рече дека изданието „АРМ - 12 години амбасадор на мирот“ е прва од серија публикации кои што ќе ги издава Министерството за одбрана по повод завршување на учество на АРМ во меѓународни мировни мисии.
- Делата на АРМ создадени за релативно кратко, но бурно време низ кое чекори независна и самостојна Македонија, на сите чинители на нашето општество им влеваат најголема доверба во македонската војска за одбрана на слободата и самостојноста, но и доверба дека достојно ќе ја претсатавуваат земјата во нејзините заложби за мир во светот, истакна Стојчев.
Монографијата на 78 страници и со 56 фотографии го одбележува 12-годишниот придонес на АРМ во Авганистан кој беше заокружен во рамки на мисијата ИСАФ, а продолжува во рамки на „Одлучна поддршка“. На промоцијата присуствуваа и поранешните министри за одбрана Трајан Гоцевски, Владо Бучковски и Зоран Коњановски, како и Началникот на ГШ Методија Величковски. Во фоајето на Музејот на македонската борба беше поставена и изложба на фотографии од учеството на АРМ во мисијата ИСАФ, а Воениот оркестар одржа и получасовен концерт.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
-
Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот
-
Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти
-
Данската влада размислува да го зголеми своето воено присуство на Гренланд