Промовирана платформата GetData за истражувачко новинарство

Новинарите и невладините организации од денеска ќе можат да ја користат платформата www.getdata.mk која ќе им служи за истражувања поврзани со корупцијата и владеење на правото.
Промоторите на платформата, граѓанската асоцијација МОСТ и порталот НОВА, информираат дека оваа алатка ги систематизира поважните јавно достапни бази на податоци, како и други методи преку кои може јавно да се дојде до јавни информации кои можат да им бидат од корист на истражувачите.
Покрај базите на податоци од Македонија, GetData нуди и опција за пребарување на сите достапни бази на податоци во светот.
Организаторите го промовираа и проектот „Медиа платформа на застапување“ кој е изработен во рамките на платформата. Целта на проектот е да се даде придонес кон, како што велат, овозможувачката околина за квалитетно истражувачко новинарство и зајакнување на соработката меѓу медиумите и граѓанските организации.
Од МОСТ информираат дека во рамките на проектот ќе бидат организирани и регионални обуки за застапување и истражувачко новинарство.
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
