Промовирани дигитални алатки за резервација на туристички водич и за Националниот парк „Маврово“
Дигитални алатки во угостителството и туризмот, за резеревација на туристички водич, како и мобилна апликација за Националниот парк „Маврово“ беа промовирани денеска во Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи. Проектот е втора фаза од веб платформата и е финансиран од Швајцарската Амбасада во земјава. Првата фаза, лани, била изградба на современ регистар за туристички водичи.
– Првата алатка е онлајн платформа за резервирање туристички водич. Сите сме свесни дека туристичкиот водич е многу важна компонента во целиот процес, тој всушност е очите на туристот, појасни Стефан Томажан, заменик шеф на мисијата во Амбасадата на Швајцарија.
За втората алатка, апликација за Маврово како туристичка дестинација, посочи дека во себе интегрира многу информации за тоа кои локалитети и места треба да се посетат во овој регион и кои активности можат да се преземат. Содржи и дигитални мапи од целиот регион.
Крајната цел, како што наведе Томажан, е да се подобри туристичката понуда и да се овозможи отворање нови работни места.
– Секој туристички водич може да аплицира на платформата свои тури што ги води, немешајќи се во работата на туристичките агенции. Која било странска или домашна агенција, кога пребарува хотели или превоз, нормално е заинтересирана и за туристичките водичи. Овде многу лесно, на платформата може да се пронајде профил на водич што е соодветен на нивната група, по говорно подрачје, регион или специјализација зашто таму се претставени археолошки, планински, цркови тури или културно наследство, изјави Бранко Босилков, претседател на Здружението на туристички водичи и придружници.
Ново на Сител
-
Пронајдена експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар