Промовирани три нови уредени зелени површини во Тетово

Општина Тетово и Јавното комунално претпријатие во нејзина надлежност во рамки на одбележувањето на 21 март, Денот на животната средина денеска промовираа три нови уредени зелени површини во блок 82, дел од кејот на реката Пена и зелениот појас на ул.„Видео Смилески Бато“ или Индустриска на потегот од кружниот тек кај монополот до мостот на реката.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи посочи дека локалната самоуправа ќе продолжи со напорите за постојано обновување на зелените површини и оти ќе настојува да создаде и нови насекаде низ градот и општината.
- За целиот овој период се обидуваме да ја следиме филозофијата на зачувување на постојните зелени површини и создавање и правење на нови таму каде што ги немало. Така во овие неколку денови засадивме над стотина дрвца и во блок 82 и на други места низ градот каде што имаше можност за тоа, изјави Арифи.
Истовремено на градскиот плоштад беа организирани повеќе активности во рамки на кои дел од учениците од средните и основни училишта и децата со посебни потреби изработуваа уметнички дела од рециклирачки материјали, настапија учениците од Државното музичко училиште „Тодор Скалоски Тетоец“ во Тетово, а на булеварот „Маршал Тито“ се одржа натпревар во трчање.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
