Пронајден е возачот на возилото кое прегази маж кај Капитол мол
Пронајден и приведен е возачот на автомобилот кој попладнево прегази маж во скопски Аеродром кај Капитол мол, се работи за 28 годишен возач, потврдија од МВР за Скопје 24. Познат е и идентитетот на прегазеното лице, се работи за 66 годишниот А.Н кој им подлегнал на повредите веднаш по несреќата, а смртта е само констатирана во Ургентниот центар во Скопје.
„На 24.02.2018 година во 14:40 на булевар „Јане Сандански“ во близина на ТЦ Капитол мол, возач на патничко моторно возило марка Пежо, со скопски регистарски ознаки удрил во пешак и истиот го напуштил местото. Пешакот А.Н (66) од Скопје веднаш со возило на Брза помош е префрлен во Ургентен центар каде е констатирана смрт. Кратко по незгодата возачот на пежото А.Р. (28) од Скопје од страна на Алфа тимовите е пронајден и приведен во ПС Гази баба, а пронајдено е и возилото.“ – велат од полицијата.
Со случајот е запознаен и јавниот обвинител и увидот е во тек.
Ново на Сител
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи
-
Ново задолжување од 35 милиони евра
-
Приведена 23 годишна девојка од Кочани, натепала 69 годишна жена ѝ ја одзела чантата со пари
-
Продолжува дигитализацијата на општина Кисела Вода
-
Саборот ќе гласа за новата хрватска влада
-
Најмалку четворица загинати во невремето во Хјустон