-->
-->
Пронајден мртов велешанецот кој се водеше за исчезнат - излетал од патот со неговото возило
-->

Пронајдено е телото на велешанецот кој од вчера се водеше за исчезнат во близина на езерото Младост.
- Денеска во 15.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот ,,Пријателство", во правец од Скопје кон Велес, на околу 1400 метри после исклучок за езеро Младост, било пронајдено излетано возило од патот, ,,форд фокус" со велешки регистарски ознаки. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот П.Д.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош-Велес, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес, велат од МВР.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
