Пронајдена дрога кај повеќе лица

Полициски службеници доцна ноќеска пронашле дрога кај две лица од Скопје.
Денеска (17.08.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Нешто подоцна во 02.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.К.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера пак, полицајци пронашле дрога на четири различни локации:
„На 16.08.2024 во 17.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(27) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“
„На 16.08.2024 во 18.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“.
„На 16.08.2024 во 20.20 часот во гостиварска Долна Бањица, полициски службениви од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода С.М.(34) и С.С.(34), двајцата од Гостивар, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок“.
„На 16.08.2024 во 23.50 часот на патот кај Дебарско езеро, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Е.С.(22) од Дебар затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“.
Ново на Сител
-

Пентагон бара од одбранбената индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, според допис на Фајнберг
-

22.000 луѓе евакуирани, прогласена вонредна состојба поради пожар во Британска Колумбија
-

Скопјанец управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка дозвола, возилото е одземено
-

Македонските тенисери со трофеј го завршија настапот во конкуренција на двојки на „Neocom open 2026“
-

Без плаќање во готовина од утре во јавниот превоз во општина Кавадарци
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
