-->
-->
Пронајдена е црната кутија на пакистанскиот патнички авион
-->
На местото каде што вчера се урна пакистанскиот патнички авион „Ербас“ е пронајдена црната кутија, соопшти денеска претставникот на авиокомпанијата „Пакистан интернешнал ерлајнс“, Абдулах Кан.
– Црната кутија со комплетните податоци за летот и снимената комуникација е пронајдена доцна синоќа и предадена е на истражната комисија, потврди Кан.
Во вчерашниот пад на пакистанскиот авион загинаа 97 патници и членови на екипажот. Авионот летал од градот Лахоре до Меѓународниот аеродром Џинах во Карачи, кој е еден од најпрометните аеродроми во Пакистан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена