Македонија
12. February 2025 - 10:14

Пронајдена голема количина дрога на „Богородица“ во камион со отпадна хартија | ФОТО

Неофицијално на ГП Богородица, Царина и БЈБ - МВР заеднички и координирано пресекле канал на шверц на наркотична дрога.

Од синоќа на граничниот премин служби од Царина и полиција активно тресат и растураат камион со македонски таблици товарен со рециклирана хартија, кој неофицијално за сега влегол од Косово во Македонија а требало да оди за Грција, веројатно крајна дестинација била Турција.