Пронајдена марихуана кај неколку лица во повеќе градови ширум земјава
МВР пронајде марихуана во повеќе градови на територија на Република Македонија кај наши и странски државјани.
На 09.10.2020 околу 23.15 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода Г.А.(21) и Ф.Ф.(26), двајцата од Р Албанија, со привемен престој во Гостивар, затоа што при преглед кај нив и при претрес во домот каде што престојуваат, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.10.2020 во 08.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода П.К.(32) од Струмица, затоа што при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприцеви со црна течност и дробилки со остатоци од марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 09.10.2020 во 14.50 часот на подрачјето на општина Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.И.(47) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 10.10.2020 во 01.40 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода У.С.(29) од Кичево, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош
-
Токовски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама
-
Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија
-
Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе