Македонија
12. July 2022 - 17:43

Пронајдена марихуана во „голф“ на охриѓанец, заработи кривична

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(46) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При преглед во возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал, извршен на 07.07.2022 на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари, во кое сопатници биле Ј.Т. и Г.Ш. од Скопје, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, пари во различни валути и апоени и други предмети.

Дополнително, во неговиот дом во Охрид, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес, при што биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со течна материја, метална дробилка и други предмети.