Пронајдена палатата на кралот Артур?

Британски археолози, во близина на замокот Тинтаџел во грофовијата Корнвол во југозападниот дел на Англија, пронајдоа урнатини од палатата за која веруват дека потекнува од шестиот век - период за кој се верува дека легендарниот крал Артур можеби живеел, пишуваат британските медиуми.
Според податоците на научниците, замокот со еден метар дебели ѕидови припаѓал на Думнонија, кралство во југозападна Велика Британија.
Археолозите претпоставуваат дека објектот датира од шестиот век, а во тоа време, според големиот број легенди, покрај селото Тинтаџел во семејството на британскиот крал и жената на локалниот владател се родил кралот Артур.
Ископувањата се прават како дел од петгодишниот археолошки проект за да се дознае повќее за историските локалитети од периодот на петиот до седмиот век.
Користејќи ја најновата технологија, Археолошката единица на Корнвол ги откри ѕидините на палатата и повеќе од 150 грнчарски и стаклени предмети кои се увезени од некои егзотични локации. што значи дека во замокот биле населени богати поединци.
Научнците наведуват дека пронајдокот предизвикал големо интересирање, и дека урнатините можат да станат едни од главните атракции на Велика Британија. Освен тоа, ова е прв замок од тој период кој е добро сочуван.
Ново на Сител
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
-

Тешко повреден параглајдерист од САД во битолско
-

Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност
-

Газда Деко добивал информации за рации во дискотеката, комуницирал со инспектори, полицајци, вработени во Економија
-

Девет лица фатени како пијани управуваат пловни објекти на Охридското Езеро
-

Зеленски повика на „цврсти одлуки“ на самитот на НАТО, откако Русија изврши нови напади врз Киев
