Македонија
15. May 2024 - 17:24

Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид

Вчера во 07.15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во соба во хотел во Охрид, каде престојувала, била пронајдена почината Р.В.Б.(82) од Аргентина.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Увид  изврши увидна екипа, соопшти МВР.