Пронајдени марихуана, кокаин и таблети кај штипјанец и тројца скопјани
На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.08.2020 во 00.35 часот во близина на хотел во с.Калишта, струшко, полициски службеници од Полициска станица Струга го лишиле од слобода Д.М.(22) од Штип, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.08.2020 во 00.50 часот на ул.„Прашка“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(21) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.08.2020 во 21.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ј.(30) од Скопје, затоа што при преглед кај него биле пронајдени таблетки со жолта боја и втиснато лого. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола