Пронајдени над 100 килограми марихуана во пловен објект на брегот на Охридското Езеро
Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал странци и реадмисија –Регионален центар за гранични работи Запад при Бирото за Јавна безбедност во координација со Основното јавно обвинителство Струга како резултат на претходно преземени мерки и активности на 30.06.2020 година во раните утрински часови на регионалниот пат Струга -Охрид во близина на месноста викана ,, Рампа,, кај Струга во пловен објект на брегот на езерото пронајдоа седум торбици со поголема количина на спакувана марихуана со тежина од над 100 килограми.
Од страна на увидна екипа извршен е увид на лице место , а по собирање на доказниот материјал во координација и по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ,, Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги , психотропни супстанци и прекурсорси,, по член 215 од Кривичниот Законик Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027
-
Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава
-
Маж нападна жена во Париз и застрела двајца полицајци откако е приведен во полициска станица
-
Макрон и честита на Сиљановска Давкова: Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели
-
ЦУК: Паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ во Автокоманда
-
Блинкен: САД се против принудно иселување на Палестинците од Газа
-
Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка