-->
-->
Пронајдени шестмина преживеани под урнатините од хотелот во Италија
-->
Шест лица се пронајдени живи под урнатините на хотелот во планинската област на италијанскиот регион Абруцо, врз кој пред речиси два дена се спушти лавина, а претставници на пожарникарската бригада наведуваат дека тие допрва треба да бидат извлечени, јави агенцијата Анса.
Првиот контакт со преживеаните бил воспоставен околу 11 часот, наведува италијанската агенција.
Снежната лавина во средата вечерта се урна врз малиот хотел во кој, како што се претпоставува, имало околу 30 гости, меѓу кои и деца.
Лавината најверојатно била придвижена по земјотрес.
Објавена е и снимка од хеликоптер што летал над затрупаниот хотел „Ригопијано“. На снимката се гледаат само врвовите од дрвјата и покривот на хотелот.
Досега беа спасени само две лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие