-->
-->
Пронајдено безживотно тело на исчезната жена од кумановско
-->

Без знаци на живот, вчера било пронајдено телото на 64--годишната Станика Китановска од селото Цветишница која беше пријавена за исчезната.
– На 02.02.2025 околу 10.30 часот во село Цветишница, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово ја пронашле почината С.К.(64) за која на 27.12.2024 година беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Специјален тим полициски службеници, според информации од семејството, го пронашло вчера нејзиното тело во долот во селото, без траги на живот. Телото не било во фаза на распаѓање, но имало траги од напади на животни.
Китановска била пријавена за исчезната на 27 декември минатата година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
