Македонија
8. February 2022 - 9:27

Пронајдено мртво 11-годишно девојче на Плачковица

Голема трагедија ја потресе Македонија. 11-годишно девојче е пронајдено починато во селото Парналија на Плачковица во Општина Карбинци.

Од СВР Штип велат дека девојчето било пронајдено пред еден помошен објект.

По пријавата на 06.02 околу 13 часот бил извршен увид, а лекар од Итната помош констатирал смрт.

На телото немало траги од насилство, и по налог на Обвинителството било дадено на семејството, но случајот сепак ќе се истражува.