Македонија
24. November 2021 - 18:01

Пронајдено тело на 55 годишно лице во бунар во битолско

Во бунар во битолското село Кукуречани било пронајдено тело на 55 годишно лице.

На 23.11.2021 во СВР Битола било пријавено дека во бунар во с.Кукуречани било пронајдено телото на Б.М.(55) од с.Кукуречани. Телото било извлечено од екипа на Територијалната противпожарна единица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа на СВР Битола.