Пронајдено телото на 61-годишниот овчар од Лисец
Пронајдено е безживотното тело на 61-годишниот маж кој се водеше како исчезнат во поплавите во Тетовско, потврди вечерва СВР Тетово.
- Околу 20 часот во близина на наплатнатат рампа Тетово - Гостивар, на излезот од Тетово, десно во ливадите во месноста наречена Бродиште, група луѓе кои собирале пари, предмети и старо железо пронашле безживотно машко тело по што ги известиле надлежните служби, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Полицијата веднаш го обезбедила просторот бидејќи се претпоставува дека станува збор за еден од исчезнатите во големата поплава што во понедленикот го зафати тетовскиот регион.
Биле повикани членови од семествјото кое потврдило дека станува збор за Р.Ј. (61) од Лисец. Непосредно пред невремето 61-годишниот жител на Лисец заедно со стадо овци заминал во планината над Голема Речица.
Известен е јавен обвинител и вечерва заедно со екипа на СВР Тетово ќе се изврши увид.
Со пронаоѓање на телото на Р.Ј. бројот на загинати во невремето во Тетовско се искачи на пет. Се уште се трага по шестгодишно девојче од Шипковица кое се води како исчезнато.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украинците сакаат мир, но не по цена да се откажат од Украина
-
Земјотрес од 6,3 степени го погоди Чиле
-
Додик по средбата со Вучиќ во Белград: Бошњаците од Сараево сакаат воен судир во БиХ
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Жителка на Белгија ограбена на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале
-
„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години