Свет
15. February 2018 - 8:54

Пропаднаа преговорите за составување Влада на Северна Ирска

По неколку седмици интензивни разговори доцна синоќа пропаднаа преговорите за составување влада на Северна Ирска.

Лидерката на Демократската унионистичка партија Арлин Фостер изјави дека преговорите со ирската националистичка партија Шин Фејн за формирање влада, која се распадна пред една година, биле неуспешни.

Северноирската влада се распадна во јануари 2017 година по скандал околу шема за обновлива енергија, што ја загрози поделбата на власта, што беше клучно достигнување во мировниот договор од 1998 година, со кој се стави крај на децениското насилство.

Двете партии за ќор-сокакот меѓусебно се обвинуваат, а спорот околу енергетскиот проект се прошири и на пошироки културни и политички прашања.