-->
-->
Проруските сепаратисти почнаа офанзиви во Доњецк и Лугањск
-->

Проруските сепаратисти денеска објавија дека почнале офанзива против градот Шчастија во провинцијата Лугањск, што е под контрола на Украина. Во провинцијата Доњецк почнале голема воена операција долж линијата на одвојување, јавија руските медиуми.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска одобри воена операција во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија извршила ракетни напади врз украинската инфраструктура и пограничните сили и дека експлозии се слушнале во многу градови. Тој додаде дека е прогласена вонредна состојба низ целата држава.
Во посебно соопштение, украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека целта на руската воена операција е уништување на украинската држава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
