Просечната каматна стапка на депозитите на годишно ниво во јуни е 2,20%, а на кредитите 5,03%

Во јуни годинава, просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена на месечно и на годишно ниво за 0,03 п.п. и 0,44 п.п., соодветно и изнесува 5,03%. Просечната каматна стапка, пак, на вкупните депозити изнесува 2,20% и забележа месечен пад од 0,01 п.п., при годишен раст од 0,32 п.п., соопшти Народната банка.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јуни оствари месечен и годишен пад од 0,30 п.п. и 0,66 п.п., соодветно и изнесува 4,42%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити е зголемена за 0,03 п.п. на месечна основа, при годишен пад од 0,17 п.п. и изнесува 2,35%.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,62% и е намалена за 0,04 п.п. на месечно ниво. Притоа, промената се должи на падот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,06 п.п.) и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула се зголемени (за 0,02 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка бележи пад од 0,64 п.п.
Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, забележа месечен пад од 0,39 п.п. и изнесува 4,28%. Надолната промена е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,65 п.п. и 0,40 п.п., соодветно), во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,05 п.п.). Во споредба со јуни претходната година, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,67 п.п.
Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор бележи месечен пад од 0,06 п.п. и изнесува 2,56%. Анализирано по валута, промената во целост се должи на пониските каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,31 п.п.), при забележан раст на каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,01 п.п., соодветно). На годишна основа, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,31 п.п. ‒ Овој месец, кај каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор е остварен месечен раст од 0,08 п.п. и изнесува 2,38%. Нагорната промена произлегува од растот на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,27 п.п.), при пад на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула изнесува 2,50%, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле депозити од овој вид. Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,01 п.п.
Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во јуни изнесува 5,44% и е намалена за 0,01 п.п. на месечно ниво. Притоа, промената се должи на падот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,04 п.п.), при непроменети каматни стапки на кредитите во странска валута и раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата забележа пад од 0,22 п.п. на годишно ниво.
Во јуни, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е непроменета на месечна основа и изнесува 2,15%. Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 0,31 п.п.
Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата изнесува 2,33% и оствари месечен пад од 0,01 п.п. Надолната промена во целост е резултат на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,12 п.п.), во услови на раст на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,25 п.п.). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,22 п.п. на годишна основа, се наведува во соопштението од Народната банка.
МИА
Ново на Сител
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
-

МЗ: Новото законско решение за медицински средства носи европски стандарди и поефикасни постапки
-

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност
-

Конвој танкери е забележан како го напушта Персискиот Залив и минува низ Ормуската Теснина
-

САД го продолжуваат рокот за привремен исклучок од забраната за купување руска нафта
-

Украински дронови погодија складиште за нафта во Крим, предизвикувајќи пожар
