Просечната малопродажна цена на струјата за домаќинствата пониска од лани
Во првите шест месеци од годинава просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5,017 денари по киловат час, што претставува пад од 1,3 отсто во споредба со второто полугодие во 2016 година. Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата за истиот период изнесува 31,464 денари по нормален метар кубен.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3,417 до 8,084 денари по киловат час по групи потрошувачи.
Просечната цена, пак, на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 15,709 до 22,673 денари по нормален метар кубен по групи потрошувачи.
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок